Во Скопје каменувани автобуси и тепачки меѓу средношколци

Од:

На повеќе локации во Скопје во текот на вчерашниот ден се случија неколку инциденти меѓу кои каменување автобуси на ЈСП и тепачки меѓу средношколци.

Како што соопшти МВР, во 11,10 часот вчера во Скопје на ул. „Китка“ во СУГС „Браќа Миладиновци“, поради меѓусебно нетрпение настанала вербална расправија, а потоа и тепачка помеѓу учениците Ф.Ѓ.(18) и Н.С.(19). Во тепачката тие се здобиле со видливи повреди.

Во скопското село Радишани пак, околу 20,30 часот, непознати лица каменувале автобус на ЈСП бр.47, при што се повредени патниците Б.Ј.(17) и А.Р.(19). Тие се пренесени во Ургентниот центар, каде им е укажана лекарска помош, а се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.

На бул. „Гоце Делчев“ синоќа околу 23 часот во Скопје  непознати лица каменувале автобус на ЈСП бр.50, при што е скршено едно стакло.

Во 10,30 часот вчера во полицијата на Бит Пазар, А.Д.(43) од Скопје пријавил дека на 02.03.2013 година, во 14,30 часот на бул. „Никола Карев“ во близина на надвозникот кај Бит Пазар, автобус на ЈСП бр.61, бил сопрен од страна на пет до осум непознати лица, по што тој бил физички нападнат. Бил удиран со тупаници и клоци по лицето и телото, од што му биле нанесени телесни повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Полицијата презема мерки мерки за откривање на сторителите и за расчистување на инцидентите.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски