Во Скопје изречени 180 сообраќајни прекршоци, 105 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 сообраќајни прекршоци од кои 105 за брзо возење.

-Од вкупниот број сообраќајни прекршоци, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 105 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 25 за управување под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон, една за минување на црвено светло, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила и изречени се девет казни за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР.

Од Министерството посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце