Во Скопје изречени 152 сообраќајни прекршока, 45 за брзо возење

Од:

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, четири за возач почетник, 15 за прекршоци што ги чинат пешаците, 43 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози