Во Скопје изминатите три дена 36 сообраќајки

Од:

Сообраќајната полиција изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје изврши увид на 36 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 4 јули, извршен е увид на вкупно 21 сообраќајна незгода. Од нив, седум се со последица материјална штета и 12 со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 13 лица.

Случена е и една незгода со загинато лице. Несреќата се случила во 19 часот и 20 минути на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“, улицата „Македонска бригада“ и улицата „Интернационални бригади“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на село Арачиново и пешак, жител на село Петровец. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со возило на Брза помош е пренесен во Градската општа болница каде им подлегнал на повредите.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во сабота, на 5 јули, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле шест лица.

Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во 22 часот и 30 минути на улицата „Елен“ во село Средно Коњари. Во незгодата учествувале трактор, управуван од жител на село Горно Коњари и патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на село Горна Сушица. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник во тракторот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во недела, на 6 јули, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле две лица, возачи на патнички моторни возила.

Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во 13 часот и 50 минути на улицата „Радишанска“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „лада“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кичево и мотоцикл со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на мотоциклот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 36 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Осумдесет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 37 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 27 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 10 возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците и 20 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикли, кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира воспитно образовна активност со деца од предучилишна возраст во детската градинка „Мајски цвет“, која се наоѓа на територијата на општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Поради сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он