Во Скопје изминатиот викенд 28 сообраќајки, четворица потешко повредени

Од:

На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 28 сообраќајни незгоди, од кои во 14 има повредени лица, а во 14 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 19 лица, од кои четири потешко и 15 полесно.

Сообраќајната полиција санкционирала 156 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 37 возачи кои биле под дејство на алкохол.

Од сообраќај се исклучени и 76 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 11 возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 62 нерегистрирани возила.

Издадени се 131 мандатна казна за непрописно паркирање, а 95 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак“.

На црвено светло поминале 17 возачи, пет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување и четворица за неправилно престигнување, а евидентирани се и 26 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За не користење заштитен шлем санкционирани се 43 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, како и девет возачи за не носење сигурносен појас.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја