Министерството за здравство преку писмено соопштение информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697, од кои најмногу во главниот град 847.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 110
• Гази Баба – 107
• Аеродром – 101
• Карпош – 86
• Центар – 90
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 19
• Сарај – 28
• Арачиново – 16
• Илинден – 11
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 5
• Нераспределен – 1
Министерството за здравство истакнува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
