Седум жители на Скопје починале во изминатите 24 часа како последица од компликации предизвикани од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починатите пациенти од главниот град биле на возраст од 68 до 84-годишна возраст.
Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие регистрира 229 новозаразени пациенти во Скопје, додека 259 жители на главниот град оздравеле во истиот период.
Бројот на активни случаи на лица заразени со коронавирусот во Скопје сега изнесува 11.519, а вкупно 35.148 скопјани се заразиле од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.