Министерството за здравство информира дека во моментов бројот на активни случаи на заразени со коронавирус во земјата изнесува 3.393, од кои најмногу, 1.931 се во Скопје.
Најмногу активни случаи во главниот град се уште има во скопската општина Чаир, каде се регистрирани 421. По неа следат Гази Баба со 151 и Аеродром со 147 активни случаи на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 421
• Аеродром – 147
• Бутел – 137
• Гази Баба – 151
• Центар – 127
• Карпош – 128
• Сарај – 139
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 86
• Студеничани – 95
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 54
• Илинден – 30
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-90