Во Скопје и во Тетово се најголемиот број активни случаи на Ковид-19 во земјава

Од:

Повторно зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти со Ковид-19 се бележи во текот на вчерашниот ден. Од направени 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19. На Инфективната клиника се лекуваат околу 15 пациенти.

Во зависност од моменталната состојба, здравствените власти ќе разговараат и за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

Министерството за здравство вчера оцени дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Најголем дел од активните случаи се во Скопје – 171, потоа Тетово 135, Куманово – 59, Гостивар – 36.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски