Во Скопје годинава заловени 591 куче

Од:

Службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, во периодот од 1 јануари до 31 мај годинава заловила вкупно 591 бездомно куче од улиците на градот Скопје.

Од нив 371 било сместено во стационарот „Вардариште“, каде што од страна на ветеринарна екипа биле прочистени од внатрешни и надворешни паразити и стерилизирани, по што биле одбележани со ушна маркичка.

Вкупно 94 од овие кучиња биле вдомени за време на својот престој во стационарот „Вардариште“. Останатите кучиња биле вратени на истата локација од каде што биле заловени.

Во истиот период од вкупниот број заловени 126 биле еутаназирани, затоа што кај нив од страна на ветеринарната екипа била констатирана прекумерна агресивност или болест, односно, дека тие би претставувале опасност за безбедноста на граѓаните доколку бидат вратени на улиците.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски