Во Скопје досега најмногу новозаразени, шестмина починати и 9.000 активни случаи

Од:

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 627 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што е најголема бројка досега. Здравствените власти информираат дека во истиот период од Ковид-19 починале шестмина скопјани на возраст од 64 до 81 година.

Вкупно 398 пациенти во главниот град оздравеле во изминатото деноноќие. Бројот на активни случаи во Скопје се искачи на 9.059, што исто така е највисока бројка досега.

По неколку месеци во кои Аеродром беше скопската општина со најголем број активни случаи на болеста, неславниот примат денеска го презеде Гази Баба, каде има 1.323 лица заразени во моментов, наспроти 1.318 во Аеродром.

Еве ја распределбата на активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 565
• Гази Баба – 1323
• Аеродром -1318
• Карпош – 1160
• Центар – 1105
• Кисела Вода – 1109
• Ѓорче Петров – 742
• Бутел – 477
• Шуто Оризари – 153
• Студеничани – 41
• Сарај – 129
• Арачиново -32
• Илинден – 226
• Сопиште – 61
• Чучер Сандево – 101
• Петровец –111
• Зелениково -60
• Странец – 160
• Нераспределен- 184

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница