Во Скопје деветмина починати од Ковид-19 и 426 новозаразени

Од:

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани нови 426 лица со позитивни тестови на коронавирусот, а вкупниот број на заразени во главниот град во моментов изнесува 10.273.

Уште деветмина пациенти од главниот град во изминатото деноноќие ја загубиле битката со опасниот вирус, соопшти Министерството за здравство. Починатите биле на возраст од 62 до 81 година.

295 скопјани оздравеле во последните 24 часа, покажуваат официјалните податоци.

Од почетокот на пандемијата, 27.890 жители на главниот град се инфицирале, соопштија здравствените власти.

Министерството за здравство во официјалните соопштенија втор ден по ред не ги објавува бројките на активни случаи по скопските општини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски