Во Скопје девет сообраќајки, четворица полесно повредени

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршила увид на девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се лучиле уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција презела мерки по прекршоците кои ги сториле возачите на велосипеди со мотор, мопед и мотоцикли. При тоа санкционирани се 13 возачи кои сториле прекршоци по разни основи, од кои на 10 покрај поканата за глоба издадена им е покана и за сообраќајна поука.

Биле откриени и санкционирани и тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, по што тие се исклучени од сообраќај, како и 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, од нив 18 со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Седум возачи, пак, не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 10 возачи не го користеле безбедносниот појас, односно го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка