Во Скопје, Битола и во Прилеп има најмногу активни случаи на Ковид-19

Од:

За 6,1 отсто се помалку новозаразени со Ковид-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела. Намалување на бројот на заболени имало кај сите возрасни групи, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од дијагностицираните, односно 23,1 проценти, се повозрасни од 60 години, а најмалку (4,3 отсто) се регистрирани кај децата до девет години.

Во наведениот период биле направени 18.781 тест, што е 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, и од нив позитивни биле 2.751 од 35 градови. Речиси половина (46,5 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово, 389,6 на 100 000 жители. Во текот на минатата недела пријавени биле и 44 реинфекции, што е за 10,2 отсто помалку во однос на претходната недела.

Пријавени биле 98 смртни случаи во 24 градови, додека во претходната недела имало 91 смртен случај во 21 град. Статус оздравени стекнале 2..829 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во 22 града во државава има намалување на инциденцата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, а најзабележително е намалувањето во Пробиштип. Во 10 градови, пак, е забележано зголемување на инциденцата во последните 14 дена.

Во статистиката вчера за изминати 24 часа беа евидентирани 460 нови случаи, 543 оздравени пациенти и седум починати во едно деноноќие, како и дополнително пет со датум на смрт од 2. октомври до 27 ноември 2021.

Активни случаи во земјава има 8.001, од кои 3.797 во главниот град. Трицифрени активни имаат уште 13 градови, а четири од нив со повеќе од 300: Битола (623), Прилеп (423), Велес (326) и Кавадарци (305).

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска