Во Скопје во моментов има 854 активни случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата, со коронавирусот се заразиле вкупно 5864 жители на престолнината, информираат здравествените власти.
На Чаир, Гази Баба и Аеродром, кои со денови беа единствените скопски општини со над 100 активни случаи, денеска им се придружи и Кисела Вода, а во Карпош и Центар се забележани 86, односно 85 активни случаи.
Еве ја дистрибуцијата на активни случаи по скопските општини:
• Чаир – 117
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 105
• Карпош – 86
• Центар – 85
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 20
• Сарај – 26
• Арачиново – 16
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 5
• Нераспределен – 4