Чаир, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода се четирите скопски општини во кои и натаму има над 100 активни случаи на пациенти заразени со коронавирус, а во главниот град се регистрирани вкупно 854 активни случаи, информираат здравствените власти.
Најмногу активно заразени со вирусот има во Чаир (108) и во Аеродром (107). Еве ја рапсределбата на активни случаи по скопските општини, според податоците на Институтот за јавно здравје:
• Чаир – 108
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 107
• Карпош – 88
• Центар – 81
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 66
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 25
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 14
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен – 1