Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208, најмногу во главниот град – 755.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 88
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 110
• Карпош – 78
• Центар – 81
• Кисела Вода – 87
• Ѓорче Петров – 42
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 30
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4
Министерството известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.