Од регистрираните нови 165 случаи на Ковид-19 во Македонија во изминатите 24 часа, најголем број – 71, се од Скопје, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, Според статистиката на Министерството за здравство, во главниот град активни се 1.983 случаи.
Најголем број на активни случаи во скопските општини има Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.
Во целата држава има вкупно 3.583 активни случаи, а вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 6.787. Оздравени се 2.876 пациенти, а починатo e 321 лице.