Во Скопје 583 нови случаи на Ковид-19, најмногу досега во еден ден

Од:

Во Скопје во изминатото деноноќие се забележани рекордни 538 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а починале седуммина пациенти на возраст од 50 до 80 години, соопштија здравствените власти.

Во исто време, 207 пациенти од главниот град оздравеле, а бројката на активни случаи е исто така највисока досега и изнесува 7.410, што е нешто помалку од половина од активните случаи во целата земја (15.975).

Гази Баба е втората скопска општина, по Аеродром, во која е надмината бројката од илјада активно заразени пациенти. Близу 1.000 активни случаи има и во Карпош, Центар и Кисела Вода, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје.

Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 444
• Гази Баба – 1007
• Аеродром -1161
• Карпош – 987
• Центар – 956
• Кисела Вода – 922
• Ѓорче Петров – 595
• Бутел – 389
• Шуто Оризари – 123
• Студеничани – 36
• Сарај – 81
• Арачиново -20
• Илинден – 183
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 65
• Петровец –73
• Зелениково -42
• Странец – 119
• Нераспределен- 150

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски