Во Скопје 539 новоинфицирани со коронавирус, три општини со над 1.000 активни случаи

Од:

Во Скопје во последното деноноќие се регистрирани 539 нови пациенти заразени со коронавирусот, а во истиот период починале шестмина пациенти, а оздравеле 190 пациенти, покажуваат податоците на здравствените власти.

За првпат од почетокот на пандемијата, во три скопски општини има по над илјада активно заразени лица: Аеродром, Гази Баба и Карпош. Вкупниот број на активни случаи во главниот град исто така е највисок досега и изнесува 7.756.

Еве ја распределбата на активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 458
• Гази Баба – 1066
• Аеродром -1205
• Карпош – 1032
• Центар – 982
• Кисела Вода – 964
• Ѓорче Петров – 639
• Бутел – 400
• Шуто Оризари – 132
• Студеничани – 39
• Сарај – 87
• Арачиново -20
• Илинден – 192
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 69
• Петровец –74
• Зелениково -47
• Странец – 125
• Нераспределен- 167

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница