Во Скопје 526 заразени, нема град во Македонија без активни случаи на Ковид-19

Од:

Во Македонија во моментов нема ниту еден град без регистрирани активни случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје.

По Скопје, најмногу активно заразени лица има во Куманово – 200, а следат Тетово со 126 и Прилеп со 125 активни случаи. Градови со најмалку заразени лица во моментов се Крушево и Демир Хисар, каде има по двајца пациенти.

Во Скопје во моментов има 526 лица активно заразени со коронавирус, а најмногу се регистрирани во општината Аеродром – 83, информираат здравствените власти. Во Центар има 74 активни случаи, во Гази Баба 72, а во Карпош 71,

Еве како се распределени активните случаи по општини Скопје:

• Чаир – 49

• Гази Баба – 72

• Аеродром – 83

• Карпош – 71

• Центар – 74

• Кисела Вода – 48

• Ѓорче Петров – 25

• Бутел – 33

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 9

• Сарај – 15

• Арачиново – 9

• Илинден – 8

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 5

• Зелениково – 1

• Странец – 4

• Нераспределен-4

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески