Во Скопје 509 санкционирани возачи, од нив 75 за пречекорена брзина

Од:

Изречени се вкупно 509 санкции во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените полициски контроли во областа на сообраќајот.

Од МВР денеска соопштија дека за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 75 прекршоци, изречени се 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас.

За непрописно паркирање санкционирани се 91 возач, 74 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни се за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, потенцираат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја