Во Скопје 27 сообраќајки, полесно повредени 20 лица

Од:

Дваесет лица се здобиле со полесни повреди во 27-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје.

Од евидентираните 13 сообраќајки во петокот, во седум полесно се повредени осум лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.

Во саботата се случиле осум сообраќајни незгоди, при што во пет несреќи полесно се повредени пет лица. Три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани шест сообраќајки, две со материјална штета, а четири со последица телесни повреди, при што полесно се повредени седум лица.

Сообраќајната полиција санкционирала 125 возачи, кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а 18 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол. Вкупно 23 возачи поминале на црвено светло на семафор, 62 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 109 возила биле непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 97 непрописно паркирани возила.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ