Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 207 нови пациенти кај кои е откриен коронавирусот, а во истиот период 508 лица оздравеле, додека тројца пациенти, на возраст од 63, 67 и 79 години, ја загубиле борбата со Ковид-19.
Во главниот град во моментов има 6.808 случаи, а најголем дел од нив се забележани во општина Аеродром (1.077), додека уште две скопски општини – Гази Баба и Карпош, се доближуваат до бројката од 1.000 активни случаи.
Еве како се распределени активно заразените лица по општините во Скопје и околината:
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 403
• Гази Баба – 936
• Аеродром -1077
• Карпош – 928
• Центар – 884
• Кисела Вода – 831
• Ѓорче Петров – 553
• Бутел – 367
• Шуто Оризари – 103
• Студеничани – 29
• Сарај – 66
• Арачиново -16
• Илинден – 161
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 49
• Петровец –67
• Зелениково -39
• Странец – 93
• Нераспределен- 149