Во Скопје 17 сообраќајки изминатите два дена

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.

Во среда, на 31 декември, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Случена е и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Вчера извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, шест сопатници и еден пешак.

Случена е и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, осум возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се три возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Најмалку еден загина, неколкумина се повредени во судар на автомобил и автобус во Србија

Горан Наумовски

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Еден мртов, двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Кратово

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани