Во Скопје 16 сообраќајки, девет повредени

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешка телесна повреда се здобил возач, во седум полесно се повредени осум лица, а осум поминале само со материјална штета.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Двајца возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, еден возач поминал на црвено светло на семафор, а шест возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, изречени се 14 мерки против погрешно паркирани возила и девет лица го управувале возилото без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 42 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Мирче Ацев“, општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ