Во Скопје 12 сообраќајки вчера, пајакот отстранил 54 возила

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца пешаци.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Григор Прличев“ кое се наоѓа во населбата Железара на територијата на општина Гази Баба со учениците од второ и четврто одделение.

Денеска продолжува официјалната посета на Република Македонија на заменик-претседателот на Социјалистичка Република Виетнам г-ѓа Нгујен Ти Зоан. За време на движењето на колоната возила под придружба низ сообраќајниците на Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници да бидат трпеливи, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ