Во Скопје 12 нови жртви на Ковид-19 и 439 заразени во изминатиот ден

Од:

Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани 439 луѓе заразени со коронавирусот, а 12 пациенти починале како резултат на компликации предизвикани од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Починатите во главниот град биле на возраст од 49 до 85 години.

Во истиот период, 168 скопјани оздравеле, соопштија здравствените власти.

Бројот на активни случаи во главниот град сега изнесува 10.735.

Министерството за здравство веќе неколку дена во своите редовни извештаи не ги вклучува податоците за распределбата на активните случаи на болеста по скопските општини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски