Во Скопје 10 сообраќајки, пет лица полесно повредени

Од:

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле десет сообраќајни незгоди. Во пет сообраќајки полесно биле повредени пет лица, а во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Како што соопшти СВР Скопје, санкционирани се 10 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Двајца возачи поминале на црвено светло на семафорот, а имало 39 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстрането е 51 возило.

Одделението за превенција денеска заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“ пред ТЦ „Автокоманда“.

Во средните училишта во Град Скопје денеска Одделението за превенција ќе продолжи со предавањата на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“. Предавањата се наметени за матурантите и за учениците од трета година.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце