Во Сингелиќ тепачка за поделба на месо

Од:

Две семејства се степале во скопското село Сингелиќ за поделба на месо од комбе коешто било паркирано кај џамијата.

Тепачката била пријавена во полиција во понеделникот во 18.10 часот, а се случила еден час претходно.

Според пријавата на едното семејство кои учествувале во тепачката, членови на другото семејство извадиле огнено оружје и почнале да пукаат кон нив и избегале

На местото на настанот била пронајдена чаура со непознат калибар. Подоцна на улица „Христофер Жефаровиќ“ во дворното место биле пронајдени две лица од семејството кои биле посочени како напаѓачи, со телесни повреди.

На местото на настанот била испратена Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Припадниците на муслиманската вероиповед го слават празникот Курбан Бајрам, а во овој дел од Скопје поголем дел од населението се муслимани.

Ова е празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.

Би можело да ве интересира

Скандалозното националистично навивање „влезе во серија“, МВР и Обвинителство го истражуваат случајот со фановите на Шкендија

Катерина Ѓуровски

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави