Во штипската населба „Сењак“ се асфалтираат три улици

Од:

Во штипската населба „Сењак“, која според бројот на жителите е една од поголемите во градот денеска се асфалтираат три улици. Раководителот на Инспекциски наздор во Општина Штип, Тоше Ѓорѓиев рече дека се асфалтираат улиците „Митко Недев“, „Анте Банина“ и „Ванчо Китанов“, а се со вкупна површина од 4.500 метри квадратни. Инвестицијата од два милиони денари е од буџетот на Општина Штип.

– Од овде се селиме со механизацијата за асфалтирање на пристапен пат на спортското игралиште во „Суитлак“, а потоа одиме во населбата „Железничка“, каде што исто така имаме четири улици за асфалтирање, вели Ѓорѓиев.

Тој најави дека викендов градежната механизација ќе ја асфалтира една од најфреквентните улици во градот. Улицата „Борис Кидрич“ која го поврзува централното гардско подрачје со неколку штипски населби и индустрискиот дел во текот на викендов ќе биде затворена за сообраќај, со цел асфалтирањето да се изврши без поголеми проблеми и застој на сообраќајот на останатите сообраќајници во Штип.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он