Во штипската Клиничка болница се почитува забраната за посета на пациенти

Од:

Забраната за посета на пациенти во штипската Клиничка болница се почитува, а од денеска почна дезинфекцијата на сите одделенија, како превентивна мерка против корона вирусот, информираше за МИА директорот, Ален Ѓеорѓијев. Дезинфекцијата на одделенијата, меѓу кои посебно и на Инфективното ќе се одвива наредните два дена.

-На Инфективното одделение немаме пациенти со евентуални симптоми на корона вирус во изолациска соба, ја набавивме заштитната опрема за лекарите и медицинскиот перосонал. На одделението има само едно момче со хепатит, кое е задржано на болничко лекување, поради покачена температура, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека поради настанатата состојба со превентивните мерки против корона вирусот на Инфективното одделение можно е да се пролонгира за еден месец и неговата реконструкција, која треба да се реализира со европски пари.

-Претходно ни беше договорено со бугарскиот партнер и со конзорциумот „Клима“, кој е избран на тендерска постапка градежните работи да почнат на 25 март. Но, доколку се одолжи оваа состојба треба да ги информираме сите страни дека од оправдани причини ќе се одолжи реконструкцијата, вели Ѓеорѓијев.

Средствата за реконструкција се обезбедени преку Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија, а партнери во проектот „Климатски пријателски здравствени институции“ се болницата во Штип и бугарската Општина Гоце Делчев. Рокот за реализација е две години, преку ИПА фондовите за штипската болница обезбедуваат 170.000 евра, а дополнително треба да се обезбедат средства за кофинасирање.

Севкупно проектот за македонска страна треба да чини 203.000 евра. Бугарската болница во Гоце Делчев средствата ќе ги искористи за реконструкција на Клиниката за интерна медицина. Инфективното одделение и по изградбата на новата Клиничка болница ќе остане да функционира надвор од овој комплекс.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти