Во Штип заврши проектот „Општо корисна работа“

Од:

Вкупно 1.800 деца, стари и изнемоштени лица користеа услуги од проектот „Општо корисна работа“, кој во Штип се спроведува веќе четврта година по ред. Вања Џамбазова советник за образование во општина Штип вели дека во рамките на проектот беа ангажирани вкупно 13 лица, кои им помагаа на старите и изнемоштени лица, но беа ангажирани и медицинска сестра во патронажната служба, социјален работник, физиотерапевт за потребите на Центарот за деца со посебни потреби, професор по физичко образование и медицинска сестра за дневниот Центар за деца со ауитизам.

– Услугата од страна на работно ангажираните лица ги добија околу 1.800 крајни корисници, и тоа стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби, новороденчиња, мали и училишни деца. За првпат преку овој проект се воведе и веб алатката „Моја општина“, каде што граѓаните можеа да го искажат својот став за соодветно дефинирање на услугите, а преку кој се дизајнираше предлог проектот „Општо корисна работа“, вели Џамбазова.

Таа истакна дека во тек е и обука за негователи на стари и немоќни лица, по што лицата кога ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со меѓународен сертификат, со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он