Во Штип трибина „ЕУ за тебе“

Од:

Околу сто претставници на невладиниот сектор и на институции од општина Штип денеска беа дел од трибината „ЕУ за тебе“. Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на делегацијата на Европската унија им ги претстави можностите за финансирање проекти, што ги нуди ЕУ. Бертолини смета и во Штип имале успешна работилница, а успеале и како што вели да ги дефинираат суштинските проблеми, со кои треба да се занимаваат во следниот период.

– Ние ги препознаваме потребите и нашата помош, која што веќе присутна и веќе и до 90 милиони евра. Сметаме дека и понатаму ќе биде насочена кон изнаоѓање на решенија за да се решат, тие проблеми или потреби, кои што ја има заедницата, вели Бертолини.

Невладиниот сектор на трибина ги елаборираа проектите со кои би можеле да аплицираат, но исто така и укажаа и со кои проблеми се соочуваат при аплицирањето на проектите.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници