Во Штип трибина „Дискриминација: Како да ја препознаеме и што потоа?“

Од:

Жените се најчесто дискриминирани. Дискриминацијата ја трпат во семејството и на работните места, покажаа анализите на невладиниот сектор, кои денеска беа презентирани на трибината „Дискриминација: Како да ја препознаеме и што потоа?“ во Штип, во организација на НВО „Ехо“-Штип, ХЕРА и со поддршка на Цивика Мобилитас.

Бети Пеева од НВО „Ехо“ – Штип вели дека во источниот регион жените најчесто се дискриминирани во делот на работничките права.

– Се забележува прекршување на работничките права во поглед на работното време, на правото на годишен одмор на работниците и многу значајна како родова дискриминација е и прекинување на работниот однос поради бременост на работничките, вели Пеева.

Елена Петревска од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, вели дека се почеста е и сексуалната дискриминација. Таа забележува дека ЛГБТ заедницата се уште е невидлива за заедницата, но и за законите.

– Сексуалната ориентација се уште не е вметната како основ за дискриминација во законските решенија. Секако дека има начини механизми во овој дел, а овде сме со цел и да ги претставиме, вели Петровска.

Снежана Санева од Координативното тело за дискриминација на Општина Штип забележа дека граѓаните ја препознаваат дискриминацијата, но се плашат да ја пријават. До нив има пристигнато една претставка од работничка, која поради тоа што била бремена добила отказно решение, но го изгубила спорот, бидејќи била вработена на определено време.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…