Во Штип традиционални Велиденски трки и игри без граници

Од:

Околу 400 деца од детската градинка „Астибо“ во Штип денеска учествуваа во Велигденската трка, која се одржа на стадионот во населбата „Баби“. Педагогот во градинката „Астибо“, Бети Симоновска вели дека во трката учествуваат децата од сите клонови во градот.

– Организирањето вакви спортско-рекреативни активности е дел од редовната програма во градинката „Астибо“. Овој крос го организираме за да го одбележиме и празникот Велигден, а инаку секоја година задолжително двапати организираме вакви активности со децата од средна и голема група, вели Симоновска.

Таа забележува дека ваквите спортски активности се важни за правилниот психо-физички развој на децата.

Во штипското Општинско Основно училиште „Гоце Делчев“-Штип денеска децата од одделенска наставата по седми пат беа дел од традиционалните Велигденски игри без граници. Учениците кои учествуваат во овие игри се натрпреваруваат во влечење јаже, носење на јајце со лажица, трчење со врзани очи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски