Во Штип штетите од последното невреме изнесуваат 1.400.000 денари

Од:

Комисијата за проценка на шетитети при Општина Штип утврди дека штетите од невремето во лакавичкиот регион, кое се случи на 16 јуни изнесуваат околу 1.400.000 денари.

Лазар Соколов претседател на Комисијата за проценка на шетети вели дека добиле пријави за штети на земјоделски култури, но и на куќи и на оштетен автомобил од урнато дрво.

-Штетите се однесуваат пред се на раноградинарските култури, овошните насади и на житните посеви. 48 граѓани пријавија дека имаат штети од последното невреме, од кои шест лица од Штип, а останатите се од лакавичкиот регион, вели Соколов.

Тој додава дека советниците на денешната седница на Советот на Општина Штип го прифатија извештајот, кој треба да го достават до Владата.

Во Штипскиот регион вкупнатата штета од невремето и во мај и јуни изнесува околу 2 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он