Во Штип се гради нов Трговски центар

Од:

Почна изградбата на новиот трговско-станбен комплекс на Луна комерц, во штипската населба Сењак. Во првата фаза, инвеститорот ќе гради подземна гаража, деловен простор, а потоа и станбен дел.

Според првичните калкулации почетната инвестиција е околу 600.000 евра.

Според градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев мудра е одлуката на инвеститорот на оваа локација да изгради подземна гража и деловен објекти, бидејќи освен овој објект овде ќе се гради спортски комплекс од страна на универзитетот „Гоце Делчев“, а исто така согласно урбанистичкиот план предвидено е да се градат и шест висококатници.

– Ние како општина и понатаму ќе ги помагаме сите инвеститори, затоа што кога во прашање се инвестициите во нашиот град, ние сме рекле дека црвени килими постелува за сите бизнисмени и целата процедура мора да биде завршена за најкратко време и да покажеме како општина дека навистина процедурите кои се кратки, кои се ефикасни со што ќе ги привлечеме инвеститорите, вели Захариев.

Тој додава дека има многу инвеститори кои сакаат да градат, а најголем интерес има за централното градско подрачје. Важно, според штипскиот градоначалник, е што и многу домашни инвеститори сакаат својот бизнис да го шират во Штип во малите индустриски зони. Со изградбата на фабриките во ТИР зоната, нагласи, се очекува и вработување на штипјани, но и на граѓаните од соседните градови.

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски