Во Штип се градат пет спортски терени за младите

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска беше во обиколка на петте спортски игралишта кои се градат во неколку населби.

Захариев информира дека младите во населбите Дузлак, Автокоманда, Жележничка и кај Автомото друштвото ќе добијат спортски терени, од кои три ќе бидат мултифункционални.

– Гледаме дека игралиштата се изградени за скоро месец и половина, но овие игралишта нема да ги пуштиме се додека комплетно не се уредат, по теркот како што тоа се прави во западно европските земји, да не оставиме земја и шут, туку напротив да го уредиме со клупи и холтикултурно, рече Захариев.

Тој најави дека во наредниот период ќе се уреди и фудбалското изгралиште во населбата Леваци, а во Ново село треба да се изгради мултифукционално спортско игралиште. Во текот на летниот период ќе се уредуваат и детски игралишта на неколку локации.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор