Во Штип промоција на кандидатот за градоначалник и на советничката листа на ВМРО- ДПМНЕ

Од:

Во Домот за култура „Ацо Шопов“-Штип синоќа се одржа промоција на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ , Илчо Захариев и на советничката листа од 23 кандидати предводени од носителот Иван Јорданов.

Кандидатот за градоначалник, Илчо Захариев кој е и актуелен градоначалник истакна дека во изминатите четири години се покажало дека во Штип може да се работи и да се реализираат инфраструктурни проекти.

– Се завршија 450 проекти и граѓаните во сите урбани заедници уживаат во тоа што е сработено. Тоа што го сработивме во изминатите четири години е кредит кој го вложивме во граѓаните. Јас сум силно убеден дека на 15 октомври ќе ни ја дадат довербата, рече Захариев.

Носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и на колициските партнери, Иван Јорданов во своето обраќање истакна дека советничка група ќе продолжат со донесување на значајни одлуки, кои ќе донесат развој на градот.

– Јас сум убеден во тоа, бидејќи на советничката листа има личности кои што значат и можат да допринесат и вечерва ја презентираме советничката листа со цел граѓаните да се запознаат со каков профил на луѓе располагаме, рече Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Захариев и носителот на советничката група, Јорданов истакнаа дека од 25 септември почнуваат интензивно со кампањата, а од својот политички противик очекуваат фер кампања и мирни Локални избори.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници