Во Штип оворен штабот на кандидатот за градоначалник Илчо Захариев

Од:

Во центарот на Штип денеска е отворен централниот штаб на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата „За подобра Македонија“ Илчо Захариев и на кандидатите за советници чиј носител е Никола Мицевски.

Захариев истакна дека граѓаните веќе го препознаваат вистинскиот избор, а токму визијата за регионален центар и за решавање на сите проблеми на граѓаните е преточена во изборната програма „Нови дела за подобар Штип“.

– Социјалната сигурност на моите сограѓани, правдата и правичноста, врното образование и беспрекорно здравство ќе бидат врвните постулати кои за овие четири години ќе ги креираме и развиваме во Градот. Слободната економска зона, изградбата на нови фабрики, отварањето на нови работни места, преструктирањето на нашето стопанство од текстилот кое е наша гордост во други индустрии кои ќе донесат поголем бенифит за граѓаните ќе биде наш приоритет, рече Захариев.

Во наредните денови вети дека ќе бидат на расополагање на граѓаните за да ги сослушат нивните идеи, проекти и проблеми, но и за да ја разгледаат програма што ја нудат.

Најави  дека ќе продолжи со реализацијата на почнатите проекти, обезбедување на водоводни и канализациски системи за оние населени места каде што не се изградени, но и ефикасна и чесна администрација, која за граѓаните на Штип ќе биде достапна 24 часа.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?