Крводарителското здружение „Светлост Б“, во кое членуваат вработени од фабриката за чевли АД „Баргала“-Штип денеска организираше вонредна крводарителска акција.
Претседателката на „Светлост Б“, Катица Жежова вели дека во вонредната акција учествуваа нивни членови, но и се вклучија и граѓаните на Штип.
– Има многу потреба за крв и не е битно која крвна група се дарува. Затоа нашето здружение реши да ја направи акцијата. Досега во акцијата се вклучија околу 30 граѓани и очекуваме во текот на денот да дојдат и други граѓани во Центарот за трансфузиологија, вели Жежова.
Таа рече дека досега имаат организирано три крвадоратилни акции, а до крајот на годината ќе организираат уште една за потребите на Центарот за трансфузиологија. Подароците за крводарителите кои денсека даруваа крв ги обезбеди раководството на АД „Баргала“.