Во Штип намален бројот на избирачки места

Од:

Бројот на избирачките места во Општина Штип се намалува. Од вкупно 80 кои беа регистрирани во 2014 година нивниот број е намален за две избирачки места за претстојните Предвремени парламентарни избори 2016 година. Претседателот на Општинска изборна комсија (ОИК), Сенка Андреева на денешната прес-конференција информираше дека избирачките места во селата Судиќ и Сушево веќе не постојат, поради тоа што во нив живеат помалку од 10 гласачи.

– Изборниот законик гласи дека треба едно избирачко место да има над 10 гласачи, а бидејќи станува збор за мал број на гласачи избирачкото место Судиќ и избирачкото место Сушево веќе не постојат, вели Андреева.

Таа додава дека избирачите од овие две места кои веќе не постојат ќе гласаат во најблиските избирачки места до нивните села. Андреева забележа дека решенијата за членовите и претседателите и нивните заменици се изготвени.

– Ги повикуваме со свои лични податоци да дојдат да ги подигнат решенијата и да достават лични карти и трансакциска сметка. Целта ми е преку вас медиумите да пуштиме апел и да доаѓаат да се потпишуваат и да си ги земат решенијата, рече Андреева.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он