Во Штип ќе биде отворен мал групен дом за деца без родителска грижа

Од:

Во штипската населба Пребег ќе биде отворен мал групен дом за деца без родителска грижа, најави денеска градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Реконструкцијата на просторот и неговото опремување е на товар на Министерството за труд и социјална политика, а објектот е обезбеден од општина Штип.

-Во овој Дом ќе бидат сместени деца без родители и родителска грижа на возраст од три до 18 години и ќе им се обезбедат основни животни потреби како, домување, храна, одржување лична хигиена, облека, нега и грижа за здравјето, воспитување и образование. Средствата за овие тековни трошоци ќе ги обезбеди Центарот за социјална работа во Штип, институција која ќе биде надлежна за Домот и ќе обезбеди 24-часовна непрекината грижа за сместените деца, вели Бочварски.

Објектот за отворање мал групен дом се наоѓа во населба Пребег и во него веќе на првиот кат се наоѓа Дневниот центар за деца со аутизам, а двата објекти ќе бидат физички одделени со посебни влезови, со тоа што ќе се обезбеди непречено функционирање на двата центри.

– Од буџетот на општина Штип и на Министерство за труд и социјална политика ќе се обезбедат средства за ангажирање професионални лица од областа на психологија, педагогија, дефектологија, социјала, кои ќе се грижат за сместените деца, посочи Бочварски.

Тој забележа дека малиот групен дом ќе биде институција, каде што надлежните уредно ќе се грижат за интеграција на дечињата и нема да претставува никаков проблем за околината и за населението. Реконструкцијата и опремувањето на малиот групен дом за деца без родителска грижа се очекува да биде заврши за три месеци, а интерес за сместување имаат веќе две деца на возраст од две години и едно на возраст од 17 години.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он