Во Штип гореше кров и таван на куќа

Од:

Изгоре кровна конструкција и тавански дел на куќа во штипската населба Сењак. Штипските пожарникари се уште се на терен и го догаснуваат огнот. Заменик командирот на ТППЕ-Штип, Богданчо Зарков вели дека дојавата за пожарот била околу 15 часот.

-Интервениравме со четири возила и 12 пожарникари, а имаше и допун на вода. Гледаме дека се уште се гасни пожарот ?Да моментално го догасуваме кровот, со тоа што нема човеќки жртви, но има материјална штета, којашто е малку поголема. Човечките ресурси се во ред, нема повредени, вели Зарков.

Пристигна и брза помош на лице место, бидејќи при гаснењето на пожарот се повредил пожарникар, но како што вели Зарков пожарникарот е со полесни повреди, по што тимот на брзата помош си замина. Како настанал пожарот ќе се утврди по извршениот увид од страна на полицијата, која беше на лице место.

– Првичните информации се уште ги немаме, тоа ќе го кажат надлежните за таа работа, вели Зарков.

Штипските пожарники во рок од два дена интервенираа на два поголеми пожара, пред два дена имаа интервенција на штала во село Лакавица, а во опасност била и куќа.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски