Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

Од:

Во рок од неколку дена оставки си поднесоа директорите на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“-Штип – Јордан Насев и на Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ – Штип, Горан Кавраков.

Кавраков на социјалните мрежи информираше за причините за оставката, додавајќи дека одлуката не била лесна.

– Сакам да издвојам момент да ја изразам мојата искрена благодарност до сите вас. Работењето покрај такви талентирани и посветени поединци не само што беше привилегија, туку и го збогати мојот професионален и личен живот на безброј начини. Особено сум им благодарен на моите блиски пријатели и колеги кои ме поддржуваа во текот на моето патување. Вашето охрабрување, другарство и заедничка смеа го направија моето искуство овде навистина посебно. Ќе ги негувам спомените што ги создадовме заедно, напиша на социјалните мрежи Кавраков.

Директорот на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“, Јордан Насев сподели дека веќе на негово место е новоизбраниот в.д. директор, Мите Арсов.

– Во моментот ДСД „Браќа Миладиновци“ Штип не должи средства кон ниеден добавувач ниту пак кон изведувачите. Институцијата ја оставам во одлична материјално, финансиска состојба, подготвена да функционира беспрекорно. Во моментов Студентскиот дом на сметката има околу три милиони денари, тоа се средства од тековни заштеди од тековното работење, вели Насев.

На новоизбраниот в.д директор му посакува успешна и плодна работа.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип