Во „Шпилје“ лани произведени над 241 милиони киловат часови електрична енергија

Од:

Во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, која е дел од системот хидроцентрали „Црн Дрим“ лани се произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија.

– Тоа значи дека годишниот план, кој изнесува 238 милиони и 444 илјади киловат-часови е натфрлен за 1,17 отсто. Тоа, како резултат на поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема да ја прими и преработи сета количина на вода која доаѓа. Моментно средниот дотек на вода во акумулацијата Дебарско Езеро е над 80 кубни метри во секунда, но поради дождовите се очекува и негово зголемување, изјави Мирче Котески, портпарол на ЕЛЕМ.
Според него, има и сoлидна резерва на вода во акумулацијата, односно има резерва на вода за производство на 20 милиони киловат-часови што споредено со истиот период лани е за три отсто поголема резерва.

– Електромашинската опрема е во одлична кондиција и е подготвена да ја прими и да ја преработи сета количина на вода што доаѓа. Посебно зголемен дотек се очекува на пролет поради топењето на снегот во планините, до кога ќе се реализираат планираните годишни ремонти на опремета. Сега електраната работи според потребите на енергетскиот систем и во изминатите денови од годинава произведени се над 20 милиони киловат-часови, нагласува Котески.
Во четириесет и тригодишното постоење на електроцентралата, максимално рекордно производство електрична енергија е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат-часови, поради исклучително поволната хидрологија, што, според стручните лица, се случува еднаш на сто години.

Инаку, покрај ХЕЦ „Шпилје“ набрзо треба да почне изградбата на уште еден таков објект во близина на Дебар. Станува збор за ХЕЦ „Бошков мост“, чии турбини за производство на електрична енергија ќе ги користи водите на реките од областа Мала Река

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Андонов: Електро-енергетскиот систем е стабилен

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика