А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во сабота на Попова Шапка отворање на „Снежен град“

by А1он23/02/2017 - 16:15345
Share0

Во организација на Детскиот културен центар (ДКЦ) „Карпош“ од Скопје на Попова Шапка четврти ден траат подготовките за 44 – тото издание на манифестацијата „Снежен град“. Во градењето на фигурите учествуваат ученици од повеќе основни училишта од Тетово, Прилеп, Скопје и Виница, а свеченото отворање е закажано за сабота.

Добивај вести на вибер

– Оваа манифстација е една од најстарите од овој вид во државата, а порано на неа учествувале деца од сите поранешни југословенски републики и навистина тоа е веќе една традиционална манифестација што ние ја одржавме над четири децении, изјави директорката на ДКЦ „Карпош“ Ружа Ѓорѓевска.

Манифестацијата освен забавен има и образовен дел каде покрај претстојот на снегот во остатокот од времето децата имаа повеќе активности како квизови, спортски натпревари и разни работилници.

-Децата преку целиот ден престојуваат на снегот и градат и прават разни фигури од него, но и од други материјали што природата ни ги дарува. Освен забава и дружба ова има за цел децата да ја изразат својата креативност, чуството за одговорност и рекреација, рече Стојан Христов од ДКЦ „Карпош“

Изградбата на снежниот град на Попова Шапка е во тек, а свеченото отворање е закажано за сабота каде дечињата ќе ги претстават снежните фигури пред посетителите.

Од своето основање манифестацијата „Снежен град“ речиси четири децении се одржуваше во Маврово. Од 2014-та година таа е пренесена на Попова Шапка.

popova sapkasnezen grad

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Горан Наумовски04/03/2026 - 09:17

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Горан Наумовски24/02/2026 - 08:57

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3017/02/2026 - 13:36

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски19/01/2026 - 09:2919/01/2026 - 09:29

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:51

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Горан Наумовски11/01/2026 - 09:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен