Излегуваме на протестен марш во сабота бидејќи нашите барања не беа разгледани од страна на МОН и тие не сакаат да вклучат наши претставници во натамошните одлуки за предлогот за дигитализација на учебниците односно промена на Закон за учебници и други дидактички материјали во основното и средното образование, изјави за А1 он. Драгана Спасевска, креаторка на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.
Дел од барањата на оваа група во која членуваат, родители, наставници, педагози е да се овозможат печатени учебници, физичко присуство во училиште, враќање на фондот на часови кои се намалени по одредени предмети како и иземање на содржини за родово сензитивни теми и сексуално образование во основно училиште.
Нивите барања ги доставија во МОН минатата недела, но според Спасевска тие не добиле одговор туку само појаснување на МОН за натамошните измени.
Освен протести, оваа граѓанска иницијатва ќе бара на референдум да се изјаснат граѓаните за промените во овој Закон.