Во Ресен се одржа итна седница на општинскиот Совет

Од:

Советот на Општина Ресен на итна седница донесе одлуки за помош и поддршка на правни субјекти во градот во како што информираат заедничката борба против Ковид-19.

На предлог на градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, советниците донесоа одлука со која е извршена пренамена на средства од буџетот на Општина Ресен во износ од 930.405 денари за набавка на средства за дезинфекција, средствата во износ од 48.000 денари определени по програмата на буџет наменети за патни трошоци исто така се пренаменети за набавка на средства за дезинфекција, а Советот на Општина Ресен донесе одлука да се намали комуналната такса за користење на просторот пред деловните објекти за вршење на трговска и угостителска дејност на законскиот минимум од пет денари по метар квадратен.

На седницата на општинскиот Совет, ресенските советници го усвоија документот „Урбана ревизија“ на Општина Ресен изработен за користење на грант средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги имплементиран од Министерство за финансии со што ќе се изврши реконструкција на училиштето „Мите Богоевски“ во село Болно и адаптација на училиштето „Мите Богоевски“ во село Јанковец.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска